Владата и ЕВН Македонија поефикасно ќе соработуваат

Bez autora
Jul 28 2010

Владата и ЕВН Македонија постигнаа согласност за разрешување на сите отворени прашања кои ги засегаат и двете страни. Ќе покажеме максимална кооперативност, транспарентност и професионализам. Ќе продолжиме во насока на прилагодување на енергетиката што е предуслов за приближување кон ЕУ. Cо овој договор, односите на Владата и ЕВН Македонија ќе се одвиваат на повисоко ниво. Со интензивни разговори постигнавме разбирање за преговарање и соработка и со заедничка цел да ги решиме сите отворени прашања преку градење на меѓусебна доверба. Соработката се однесува на купопродажниот договор, долговите меѓу ЕВН Македонија и Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), обврската за инвестирање на ЕВН Македонија и регистрирање на имотот на ЕВН Македонија.

Владата и ЕВН Македонија поефикасно ќе соработуваатВладата и ЕВН Македонија постигнаа согласност за разрешување на сите отворени прашања кои ги засегаат и двете страни.

„Ќе покажеме максимална кооперативност, транспарентност и професионализам. Ќе продолжиме во насока на прилагодување на енергетиката што е предуслов за приближување кон ЕУ“, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Пешевски рече дека со овој договор,  односите на Владата и ЕВН Македонија ќе се одвиваат на повисоко ниво.

„Со интензивни разговори постигнавме разбирање за преговарање и соработка и со заедничка цел да ги решиме сите отворени прашања преку градење на меѓусебна доверба“ рече претседателот на Управен одбор на ЕВН Македонија Гинтер Офнер.

Соработката се однесува на купопродажниот договор, долговите меѓу ЕВН Македонија и Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), обврската за инвестирање на ЕВН Македонија и регистрирање на имотот на ЕВН Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik